Време

Сончево и многу топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. Маврово 29, Охрид 33, Битола 35, Крива Паланка 35, Берово 33, Кавадарци 38, Дојран 39.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе