Време

Сончево и многу топло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 42 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени. Маврово 32, Охрид 35, Битола 38, Крива Паланка 37, Берово 35, Кавадарци 41, Дојран 42.

Во среда во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе