Време

Сончево и многу топло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува  9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени. Маврово 32, Охрид 33, Битола 38, Крива Паланка 36, Берово 34, Кавадарци и Дојран 39.

Под влијание на топла воздушна маса од југ времето во следните денови ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Најтопло ќе биде од среда до недела кога наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува и 40-тиот степен и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе