Декларација

„Сојузот за живот” побара заштита на семејството и бракот

Преку Декларација за заштита на бракот и семејството и мирен марш низ центарот на Скопје, 19 граѓански здруженија и неформални групи од граѓанско – верската платформа „Сојуз за живот" денеска побараа зачувување на традиционалните семејни вредности со почитување на бракот како заедница меѓу маж и жена, спротивставувајќи се на редефинирање на семејството, бракот, полот и родот.

„Бог, брак, семејство, смисла", „Само животот има иднина", „Полот и родот се билогија, а не  идеологија", „Мајка и татко-темелен покрив", „Плодот во утробата има права", „Пропаганда стоп",  беа дел од транспарентите на маршот.

„Загрижени поради обидите за редефинирање на бракот и семејството со агресивна прпаганда и идеологија, наша одговорност пред Бог, совеста и светоста на животот, е да ги сведочиме и браниме трајните морални вредности на човештвото и општеството: бракот како заедница меѓу еден маж и една жена, семејството, верата, нацијата и државата. Во духот на овие трајни морални вредности бараме воспитување и образование на нашите деца и следните поколенија”, пишува во Декларацијата, што беше прочитана на граѓанско-верскиот собир пред соборниот храм „Св. Климент Охридски" со којшто беше заокружен маршот.

Потписните на Декларацијата бараат државата да обезбеди услови за хармоничен развој на личноста на детето во општество што ги афирмира вредностите на бракот и семејството и како што наведуваат, детето да расте со љубов и разбирање од еден татко и една мајка како биолошки и законски родители или со законско родителско старателство. За нив се неприфатливи истополовите бракови, преименување на таткото и мајката со полово недефинирани родител 1 и родител 2, како и родовата идеологија во воспитувањето и образованието на децата. Сметаат дека треба да се озакони забраната за посвојување деца од истополови партнери или од партнери со оперативно променети полови. Меѓу останатото, побараа национална стратегија за заштита на бракот и семејството со социо-економски мерки и активности за нивно опстојување, како и национална демографска стратегија за поттикнување на наталитетот, хумана популациска политика и спречување на емиграцијата.

Под мотото „Сведоштво за семејството” пораки за зачувување на вредностите на традиционалното семејство и бракот упатија и претставници на МПЦ- ОА, Католичката и Евангелистичката црква во државава и од невладини организации.

Граѓанско-верскиот собир почна претпладне пред црквата „Раѓање на Пресвета Богородица”  каде се одржа литургија и културно-уметничка програма, по што поддржувачите на платформата „Сојуз за живот”  маршираа низ центарот на градот. 

МИА

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе