Соборот на СПЦ ја одобри автокефалноста на МПЦ-ОА

На заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје, патријархот Порфириј упати Томос за автокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

„Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и“ рече српскиот патријарх Порфириј.

Тој додаде дека Светиот собор на СПЦ ставил на должност на Синодот во соработка со архиеписопот Стефан и неговиот Синод, да разработат техничко-организациски детали, по што ќе следи свеченото прогласување на официјален акт.

„Потоа ќе бидат известени сите помесни православни цркви по својот каконски ред и тие да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА,“ рече патријархот Порфириј.

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе