Во Бугарија

Собир на Македонците пред споменикот на Јане Сандански во Мелник

Во Мелник, Бугарија, неколку македонски здруженија денеска организираа собир посветен на 104 годишнината од убиството на „Царот на Пиринот", македонски војвода Јане Сандански.

Собирот беше организиран од македонски организации во Бугарија, партијата ОМО „Илинден“- Пирин, весникот „Народна волја“, Друштвото на репресирани Македонци во Бугарија, жртви на комунистичкиот терор,  „Македонски глас“, Македонски клуб за етничка толерантност, Правозаштитен комитет толерантност...

Како дел од организацијата на овој собир се јавуваат и Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права.

На собирот учествуваа Македонци од  Пиринска Македонија и гости од Прилеп, Штип, Радовиш... Поздравни телеграми до соборот испратија „Виножито“, Македонската алијанса за европска интеграција (Албанија), Здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Светскиот македонски конгрес....

Говор за животот, делото и заветите на Јане Сандански одржа Димитар Иванов од Централниот совет на ОМО „Илинден“-Пирин, кој изјави дека со своето собирање во чест на Јане, Македонците пак им удираат гласна шлаканица на сите свои негатори.

Со поставување венци и цвеќиња пред споменикот на Јане Сандански во Мелник, едноминутен молк и паѓање на колена беше посветен споменот на војводата.

Подоцна специјална делегација од раководството на ОМО „Илинден“-Пирин однесе венец и на гробот на војводата кај Роженскиот манастир.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе