Со закон ќе се дефинира разликата помеѓу политички именувани лица и администрацијата

Со Предлог-законот за висока раководна служба, што го усвои денеска Владата, треба да се направи јасна разлика помеѓу политички избрани и именувани лица и администрацијата.

Законот е на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

„Целта на законот е да се воспостави високата раководна служба заснована на начелото на стручност и заслуги, како механизам за подобрување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор, со што едновремено ќе се направи јасна разлика помеѓу политичките избрани и именувани лица и администрацијата“, информира владината прес-служба по седницата.

Предлог – законот, дополнуваат, е во насока на професионализација на високата раководна служба како еден од клучните предуслови за унапредување на организациските капацитети и зајакнување на доброто управување во институциите на јавниот сектор.

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе