Во земјава попладнево е сончево со мала локална облачност, велат од УХМР. Дува слаб до умерен, а на места засилен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура е во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје времето е исто така сончево со слаб до умерен североисточен ветер.
УХМР прогнозира дека утре утринските температури ќе се движат од -9 до -2 степени во јужна Македонија, а максималните на југот ќе достигнат до 13 степени, но на повисоките места тие ќе бидат од 3 до најмногу 7 степени.
До петок се очекуваат минусни утрински температури и благо покачување на максималните дневни температури.
Во зимските туристички центри и натаму има дебела снежна покривка, од 30-тина сантиметри во Крушево, до речиси половина метар на Попова Шапка.