Дирекцијата за заштита и спасување

Со два авиони се гаселе пожарите во Скопско

Пожарите на Скопска Црна Гора и денеска се активни. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека од утрово интервенираат со два авиони и во 14 налети исфрлени се 35 тони вода.

„Воздухопловите и  пилотите на ДЗС и денес направија сѐ што е во нивна моќ и надлежност“, стои во соопштението во кое од Дирекцијата апелираат до сите инспекциски и земски надлежни служби (противпожарна, шумска полиција) агилно да се ангажираат и да ги извршуваат своите задачи, да вршат редовни контроли и превенција, за да не се создаваат нови вакви пожари.

Апелираат и до населението посовесно да се однесува на отворен простор, да не палат отпадоци и стрништа, бидејќи и најмалата искра може да доведе до пожари од големи размери.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе