Агенција за храна и ветеринарство

Со 500 евра казнет сопственик за напуштање на миленик

Во рамки на зајакнатите инспекциски контроли за справување со неодговорните сопственици на миленици, 500 евра казна во денарска противвредност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на неодговорен сопственик кој го напуштил својот миленик-куче.

Во конкретниот случај, како што објави АХВ, казната е изречена врз основа на поднесена претставка од невладина организација за заштита на животните која го вдомила кучето, а која по неколку месеци, истото го нашла напуштено заедно со уште три кучиња, нејзин подмладок.

Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, за што немал поднесено пријава.

По пронаоѓањето, кучката, која според претставниците на невладината организација чека вдомување во Англија, била повторно згрижена од нивна страна и стерилизирана, а нејзините кучиња се вдомени.

Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците во рамки на кампањата за бесплатно микрочипирање која почна во септември минатата година, а чии активности се реализираат во рамки на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните на АХВ. За оваа намена, обезбедени се бесплатни 100 илјади микрочипови за домашните миленици. 

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе