Во конкретниот случај, како што објави АХВ, казната е изречена врз основа на поднесена претставка од невладина организација за заштита на животните која го вдомила кучето, а која по неколку месеци, истото го нашла напуштено заедно со уште три кучиња, нејзин подмладок.
Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, за што немал поднесено пријава.
По пронаоѓањето, кучката, која според претставниците на невладината организација чека вдомување во Англија, била повторно згрижена од нивна страна и стерилизирана, а нејзините кучиња се вдомени.
Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците во рамки на кампањата за бесплатно микрочипирање која почна во септември минатата година, а чии активности се реализираат во рамки на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните на АХВ. За оваа намена, обезбедени се бесплатни 100 илјади микрочипови за домашните миленици.