Од 16 до 21 февруари

„Снежен град-2020“ на Попова Шапка

Детскиот културен центар „Карпош“-Скопје по 43. пат ќе ја организира и реализира традиционалната детска манифестација „Снежен град и караван – 2020“. Манифестацијата ќе се одржи од 16 до 21 февруари на Попова Шапка, а градителите ќе бидат сместени во хотел „Славија“-ЕЛЕМ, кој е и коорганизатор на манифестацијата.

На 21 февруари во 11:00 часот децата – градители заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“ Билјана Лалчевска Серафимовска свечено ќе го отворат „Снежниот град“, а сите посетители кои ја сакаат оваа уметност ќе имаат можност да ги разгледаат делата на малите креативци направени од снег.

„Учесници-градители на ‘Снежниот град‘ се ученици од повеќе основни училишта од Скопје. Сите ученици се екипирани по петнаесет деца со свој ментор и со потребните алатки, градат скулптура каде ја прикажуваат својата креативност и талент. Децата кои учествуваат на ‘Снежен град‘, користејќи ја својата фантазија се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект којшто тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури“, информираат од ДКЦ „Карпош“.

Во рамки на манифестацијата ќе има и избор на Снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и многу други активности.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе