Снегот ги завеа Македонците во Голо Брдо

Обилните врнежи од снег, присутни последните деновиве и на територијата на Албанија, ја блокираа областа Голо Брдо, населена главно со Македонци. Во ова ридско-планиснко подрачје, дебелината на снежната покривка достигнува на одделни места и околу еден метар.

„Целосно сме отсечени од светот. Патиштата што ја поврзуваат областа Голо Брдо, со Булќиза и со Либражд се целосно блокирани. Отсечени се селата Требиште, Клење, Стеблево, Мало Острени, Врница, а и патот кон граничниот премин Требиште – Џепиште што го поврзува Голо Брдо со Македонија е непрооден“, изјави за МИА Или Халилај од селото Требиште.

Посочува дека прават напори, колку толку да го оспособат патот кон преминот кај Џепиште кој, за разлика од другите патни правци, кои се макадам, е асфлтиран и е во должина од четири километри.

„Дебар ни е поблиску од кој било друг град во Албанија. Во ниедно наше населено место нема здравствена амбуланта, па за каква било здравствена услуга доаѓаме во Дебар. Моите две деца се настинати, па со оспособувањето на овој пат ќе одам до Дебар да земам лекови“, вели Халилај.

Инаку, овој пат е од  посебна важност, бидејќи, во вакви временски непогоди, жителите од Голо Брдо, кога станува збор за итни случаи на болни, истите ги транспортираат до Општата болница во Дебар, поради близината, каде секогаш излегуваат во пресрет.

Ништо подобра не е состојбата и во областа Гора исто така населена со Македонци.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе