Снег на Плетвар и Стража

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје информираат дека нивни екипи будно ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои.

На планинските превои Плетвар и Стража веќе има снег. Снежните врнежи во текот на ноќта се спуштија и во пониските предели главно во западните делови на Македонија.

УХМР за денеска прогнозира снег во утринските часови, а во текот на денот променливо облачно време со сончеви периоди. Ниски утрински температури се очекуваат и во следните денови.

„Навремено се преземени превентивни мерки со опесочување на сите делници на кои се очекуваат ниски температури и врнежи од снег. Воедно упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот да носат и користат зимска опрема и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот“, соопшти Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе