Снег ќе вее до крајот на денот, утре температури до -18

Студено утро во цела земја, со врнежи од снег кои ќе престанат кон крајот на денот и температура измерена меѓу минус 18 и минус шест. Најстудено со -18 било на Попова Шапка, во Маврово и Крушево се измерени -15, минус 11 во Берово, и Охрид, -10 Крива Паланка, Прилеп, Битола, Претор и Дебар, -9 Штип, Тетово и Куманово, -8 Скопје, -7 Струмица и Демир Капија и -6 во Гевгелија.

Снег најмногу 65 сантиметри има на Попова Шапка, 38 Маврови Анови, 36 Крушево, 33 Битола, Дебар, 32 Пожаране, 25 Тополчани, 24 Штип, 23 Претор, 22 Охрид, Тетово, Прилеп, Гостивар, 20 Берово, 19 Демир Капија, 17 Крива Паланка, 16 Ѓуриште, 11 Струмица, 9 Куманово, 7 Скопје Зајчев Рид.

УХМР најмногу врнежи регистирал 37 литри на метар квадрате во Дебар, 31 Маврови Анови, 25 Претор, 22 Крушево, 19 Тетово, 18 Битола, 16 Д.Капија, 14 Охрид, 10 Берово, 9 Струмица, 6 Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Куманово.

Во текот на денот не очекува облачно и многу студено со врнежи од снег и умерен ветер претежно од северозападен правец. Врнежи од снег ќе има особено претпладне. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а најдолго ќе се задржат на југот од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура насекаде ќе се задржи негативна, во интервал од -8 до -2 степена.

Во Скопје времето облачно и студено, претпладне и околу пладне со слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу -4 степени. 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе