Време

Следува период на сончево и топло време

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во крајните западни и источни делови. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 31, Крива Паланка 27, Маврово 23, Кавадарци 32, Берово 25, Охрид 26, Битола 29, Дојран 33 Целзиусови степени.

И утре ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне во планинските подрачја можна е појава на пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 33 степени, Крива Паланка 29, Маврово 24, Кавадарци 33, Берово 26, Охрид 28, Битола 30, Дојран 35.

И во наредните денови не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 28 до 37 степени.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе