Време

Следува период на сончево и стабилно време

Денеска времето во Македонија ќе биде аончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 30 степени. Маврово 23, Охрид 28, Битола 29, Крива Паланка и Берово 26, Кавадарци 32, Дојран 35.

Следува период на стабилно време, во четврток со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Дневните температури ќе бидат без позначителни промени, а утрата ќе бидат посвежи. Позначителен пораст на температурите ќе има од недела.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе