Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна. Регистриран е од телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево.
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево.