Водовод и канализација Скопје

Скопската вода се тестира во нова молекуларна лабораторија со ПЦР техника

Формирана е нова лабораторија за Молекуларна биологија во рамки на Одделението за микробиолошка лабораторија во која детекцијата за доказ на квалитетна и микробиолошки контролирана вода за пиење се врши во реално време со ПЦР техника, објави претпријатието Водовод и канализација - Скопје. „Карактеристично во молекуларната биологија е дека за идентификација се користи ДНК технологија“, вели генералниот директор Душко Весковски.

Тој нагласува дека Секторот за санитарна контрола на претпријатието, врши редовна микробиолошка и хемиска контрола на квалитетот на водата за пиење која се дистрибуира до граѓаните на градот Скопје.

„Лабораториите кои се дел од Секторот за санитарна контрола се акредитирани лаборатории според ИСО 17025 и се први во државата од овој тип“, соопшти претпријатието.

Микробиолошката лабораторија, како што информираат, врши анализи кои се работат со најновите класични методи за обработка. Со класичните микробиолошки методи кои се работат во лабораторијата идентификацијата на микроорганизми кои доколку се присутни во примерокот на вода трае од 24 до 48 часа.

„Real-time PCR детекцијата стана еден од најшироко користените техники, поради својот динамичен опсег, огромна чувствителност и точноста на резултатот за релативно кратко време. Добиените резултати по ваквиот специфичен и модерен вид на молекуларно микробиолошка анализа е доказ за квалитетна и санитарно технички исправна вода за пиење која ЈП Водовод и канализација -Скопје ја испорачува на своите корисници и гарантира секојдневно за безбедноста на истата“, вели Билјана Петровска, раководител на Секторот за санитарна контрола.

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе