Јавно обвинителство

Сѐ уште се прибираат докази за утврдување кривична одговорност за пожарот во болницата во Тетово

Во тетовското обвинителство сѐ уште се работи на предметот отворен поради пожарот во модуларната болница на 8 септември во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица, а истрагата сѐ уште е во насока на собирање на материјални и вербални докази за утврдување на кривична одговорност.

Од државното Јавно обвинителство велат дека јавните обвинители кои преземаат дејствија во насока на расчистување на причините за пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, интензивно постапуваат. 

„Се очекува во обвинителството да пристигнат извештаите од наредените вештачења, меѓу кои и вештачењето од експертите од Германија. Откако ќе се приберат материјалните и вербални докази, обвинителите ќе ги разгледаат и анализираат, ќе биде утврдено дали и каде постои кривична одговорност, по што ќе биде донесена и одлука за натамошниот тек на постапката”, велат од Обвинителството. 

На 5 октомври, Обвинителството објави извештај за причините за пожарот и информираше дека сѐ започнало во моментите кога лекарскиот тим ја започнал реанимацијата на пациентка болна од ковид-19, при што се случил краток спој на продолжен кабел.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе