Директорот на Државниот завод за статистика

Симовски: Можноста да се спроведе попис пред изборите e технички невозможна

Одлуката за одржување на предвремени Парламентарни избори на 12 април 2020 година го доведува во прашање терминот за одржување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија планиран да биде спроведен во периодот, изјави денеска на прес-конференција директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

„Терминот април е воопшто непогоден за спроведување на пописот со оглед на тоа што веќе се закажани изборите и истиот ќе треба да се пролонгира. Можноста да се спроведе попис пред изборите, исто така, технички невозможна, бидејќи пописот е исклучително голема операција и самата организација е невозможно да се спроведе пред април месец“, изјави Симовски.

Нагласи дека планираниот термин за спроведување на пописот од 1 до 21 април 2020 година се уште не е утврден бидејќи Законот за попис се уште не е донесен, како и дека е непогодно во исто време да се спроведува вака сложена статистилка операција и да се спроведуваат избори во државата.

„Кога и како евентуално би се спровел пописот не можеме да одговориме во овој момент, бидејќи тоа е одлука на парламентот. Тој треба да го донесе Законот за попис, а претходно и одлука на Владата бидејќи предлагач е Министерството за правда. За овој термин ќе дозволите да се направат консултации со овие две институции кои се одговорни за носење на овој закон“, изјави Симовски.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе