Во близина на Драч

Силни земјотреси во Албанија, има повредени и материјална штета, потресите почувствувани и во Македонија

Два земјотреса со магнитуди од 6,4 и 5,3 степени според Рихтеровата скала се почувствувани рано изутринава во 3,54 и во 4,03 часот во Македонија, Албанија, Црна Гора и Грција. Албанските медиуми јавуваат за повредени лица и материјална штета.

Според Европскиот медитетарнски сезимолошки центар, епицентарот на земјотресите бил во близина на албанскиот град Драч на длабочина од 10 километри.

Поширокото подрачје на Драч каде што беше епицентарот на земјотресот со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, е без струја, а жителите се надвор од своите домови.

Неколку минути по главниот потрес е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 5,3 степени.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека изутринава се регистрирани серија земјотреси, чиј епицентри потекнуваат од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на 170 километри југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово, IV-V степени во Скопје, Кичево, Битола и со интензитет од III-IV степени во источните делови на земјава.

Драч од силен земотрес беше погоден и на 21 септември, со магнитуда од 5,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот беше на 30 километри северно од Драч, во Јадранско Море.

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе