Шумски полицајци со службено возило и оружје фатени во криволов, осудени, но и натаму во униформа

Димче Талевски од Демир Хисар и Душан Миновски, Ивица Јошевски, Сашо Трајковски, Бобе Силјановски и Дејан Миновски од село Сопотница, сите шумски полицајци годинава се осудени за незаконит лов со казна затвор од по 6 месеци, или две години условно. Криволовот го сториле со службено оружје и возило, но и покрај пресудите, тие и натаму како шумски полицајци ги штитат и се грижат за македонските шуми.

Настанот се случил уште во 2016 година во атарот на селото Железнец, на ловиштетот број 1 Базерник на концесионерот здружението на ловци Долина на мечките од Демир Хисар. Шумските полицајци својата акција педантно ја документирале, се сликале покрај извадените фетуси од убиената дива свиња, а ловот бил крунисан и со убиена срна. Сето ова се случувало за време на забрана за лов.

Отстрелот на дивата свиња и на срната бил сторен со службеното оружје (употребени и две автоматски пушки на Министерството за земјоделство) на шумската полиција од Демир Хисар, а било користено и службеното возило на шумската полиција. За време на оваа акција на овие шумски полицајци прекршени се бројни закони, а истите луѓе и натаму се вработени како шумски полицајци, користат службени возила и должат службено оружје на шумската полиција во Демир Хисар.

Деновиве пресудата на Основниот суд во Битола е потврдена и од Апелацискиот суд во Битола. „Ловџиите“ се казнети и со парична казна како отштета на здружението на ловците Долина на мечките од Демир Хисар.

Од Министерството за земјоделство за овој случај само кратко ни одговорија: „Од Секторот шумска полиција до Основниот суд Битола е побарано писмено да ни ја достават пресудата и доколку е извршна и правосилна ќе преземеме соодветни мерки“.

А.Д.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе