Што се случува вечерва во Тетово? Воздухот е загаден 15 пати повеќе од дозволеното

800 милиграми на еден кубен метар воздух од ПМ10 честичките дишат вечерва граѓаните на Тетово. Максимално дозволените концентрации се 50. Во градот нема никакви предупредувања, возбудувања, акции или пак загриженост од општинските власти. Пред некој ден вакви мерења покажа и станицата во гази Баба, па надлежните излегоа со официјално соопштение дека станува збор за грешка, за поправка на апаратите. Што е причината за ваквото загадување во тетово, најверојатно ќе дознаеме утре. А до тогаш, тетовци седете дома, затворајте прозорци, маските на лице и... лека ноќ!  

Објавено

Недела, Ноември 10, 2019 - 22:15

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе