На социјалните мрежи може да се прочита и дека имало инициденти меѓу Албанци и Македонци, но засега нема потврда за такво нешто.
Причината што масовно се излегло во Куманово може да се најде во фактот што младиот 20 - годишен швајцарски репрезентативец и државјанин Ардон Јашари по потекло е од овој македонски град. Дали само затоа?
Инаку, самиот меч меѓу Швајцарија и Србија изобилуваше и со нефудбалски случки на работ на голема физичка пресметка. Од устите на некои од фудбалерите на двете репрезентации можеа да се прочитаат и пцости на национална база, туркања, намерни сосема нефудбалски фаули. Пред мечот фудбалерите со албанско потекло ветија дека нема да ги провоцираат Србите со рацете собрани во форма на орелски крилја. Во еден момент фубалерот Ѓака „се фати“ меѓу нозете насочено кон некои од Србите, потоа од радост го соблече дресот, под него беше маица на кој пишуваше Јашари, име што асоцира на еден од командантите на УЧК Адем Јашари кој, според Србите, сторил злосторства и сметаат дека се работи за националистичка провокација. Ѓака објаснил дека дресот е во чест на младиот кумановец Ардон Јашари кој е голема надеж на фудбалот. Дали?
Како и да е, фудбалот одамна не е само спорт. И навивањето не секогаш е спортско, а уште помалку се на „културно ниво“ прославите на навивачките групи.
П,Џ.