02 иницијатива

Што гори кај Македонски железници Транспорт? Каков е тој мазут? (ФОТО)

Веќе неколку месеци наназад активистите на О2 иницијативата објавуваат фотографии со црн чад од објект на „Третата македонска бригада“, каде се Македонски железници Транспорт АД-Скопје. Последната фотографија е од вчера. Лани на 9 декември екипа од Инспекторатот на град Скопје излегла на терен по дојава на граѓани и направила записник за понатамошно постапување. Вчера пак чадеше.

 

И годинава, како и години наназад МЖ Транспорт АД-Скопје дизел и нафтени деривати набави од „Пуцко петрол“. Лани во декември тендерот за дизел гориво и нафтени деривати беше тежок 3,29 милиони евра. А мазут лани во јануари е набавен од Евротим ГДС за 650.000 евра.

„Овој субјект нема А или Б интегрирана еколошка дозвола. Петре Шилегов пред една година, по објавувањето на фотографиите и видеата со црниот чад од гинекологија, се закани дека ќе ја затвори болницата во Чаир ако продолжат да го загадуваат воздухот и им даде месец дена да го променат начинот на греење, да си го променат котелот. Болницата оваа година конечно треба да се префрли на гас.

На Македонски железници градскиот татко не им наложува да престанат да загадуваат во одреден рок или ќе ги затвори.

Дали М.Ж. Транспорт се казнети од Инспекторат на град Скопје?

Што е преземено од 9 декември кога сте излегле на терен и сте направиле записник?

Дали сте извршиле мерења на емисиите?

Дали сте го утврдиле чадниот број, каде со сигурност овој црн чад е над дозволените граници и сте изрекла казна?

До кога МЖ Транспорт АД-Скопје ќе нè загадува со мазут? Уште колку вакви фотографии треба да се објават за да се стави крај на загадувањето од Македонски железници“, прашуваат од 02 иницијативата.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе