Штипскиот градоначалник во изолација поради контакт со заразен со ковид-19

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов во наредните седум денови е во самоизолација. Информацијата ја сподели на Фејсбук профилот, на кој напиша дека во петокот имал контакт со пациент, за кој подоцна се утврдило дека е позитивен на ковид-19.

Николов е интервентен кардиолог и покрај тоа што менаџира за Општина Штип, тој работи и оперира пациенти.

„Иако во текот на лекарскиот преглед ги преземав сите заштитни мерки, сепак од денес па во следните седум дена одам во самоизолација. Засега се чуствувам одлично, немам никакви симптоми, но поради внимателност и почитување на здравствените протоколи следнава недела ќе бидам во изолација“, пишува Николов на својот фејсбук профил.

Николов како градоначалник, но и како лекар апелира граѓаните да се одговорни и дисциплинирани. Посочува дека сведоци сме на нов бран од Ковид 19, затоа како што вели сите да носат маски, одржуваат дистанца, а на тој начин секој си го чува здравјето, но и на најблиските.

https://www.facebook.com/dr.sashko.nikolov/posts/258458835838742

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе