„Шарени бои за поддршка на различноста“, одбележан Денот на лицата со Даунов синдром

Под слоганот „Шарени бои за поддршка на различноста", Општина Аеродром и ООУ„Александар Македонски" го одбележаа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

На настанот се претставија деца со Даунов синдром и нивните соученици од различни одделенија, а свое излагање имаше Марија Делетиќ, директорка на училиштето „Д-р Златан Сремец", кое има своја подрачна паралелка во рамките на ОУ„Александар Македонски", соопшти Општина Аеродром.

„На сите ученици би им порачала да бидат пример за своите другарчиња со Даунов синдром“, истакна Делетиќ, која додаде дека различноста треба да се промовира како предност, а не како недостаток. Во знак на солидарност со лицата со Даунов синдром, денеска се носат шарени чорапи и ноктите се лакираат во различни бои. Целта на оваа манифестација е дружење и социјализација на овие дечиња, како и подигнување на свеста за потребата од нивна инклузија во општеството.

На денешниот настан присуствуваа и претставници од организацијата „Отворете ги прозорците", како и претседателот на Европската шаховска федерација Зураб Азмајпарашвили од Грузија и Благоја Богоевски, претседател на Македонската шаховска федерација, кои им доделија пригодни подароци на дечињата со Даунов синдром.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе