Шахпаска: Ромите да добијат еднаква можност за напредок и интеграција

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на онлајн Форумот за Западен Балкан: Дијалог на високо ниво за социо-економското влијание на пандемијата врз ранливите Роми во Западен Балкан и Турција.

Коорганизатори на форумот се Европската комисија, Светска банка, Совет на Европа  и УНДП, а учествуваа претставници на овие институции и министри од земјите од Западен Балкан.

Шахпаска, како што соопшти ресорното министерство, посочи дека Владата и Министерство за труд и социјална политика имаат заедничка цел – еднакво општество за сите. Сите мерки и секоја политика, додаде таа,  е креирана  во насока на овозможување еднаква шанса за сите, со посебен акцент на  најранливите категории на граѓани, како што се Ромите, со цел да добијат еднаква можност за напредок и интеграција во општеството.

„Ромите се дел од сите владини мерки кои што беа донесени со цел справување со  кризата предизвикана од пандемијата со КОВИД 19. Конкретно со последниот петти пакет антикризни мерки се предвидува финансиска поддршка за Роми претприемачи преку креирање „Мечинг фонд за претприемништво за Роми". Вредноста за оваа мерка е 123 милиони денари за 2021 година, а пред сѐ е наменета за микро и мали компании коишто имаат ризици во работењето. Исто така, намерата е голем дел од оваа ранлива категорија граѓани да добие финансиска поддршка со цел формализирање на нивната дејност“, истакна Шахпаска.

Министерката за труд посочи дека Агенцијата за вработување презема низа активности за зголемување на вработливоста и вработувањето на невработените лица Роми како една од ранливите категории на пазарот на трудот. Таа ја истакна соработката со УНДП како клучна  и  ја посочи  програмата „Ацедер", која се реализира  втора година по ред, а е фокусирана на поддршка на припадниците на ромската заедница за пристап до вработување и зголемување на нивната вработливост, со главна цел да се подобри социјалната инклузија и еднаквоста на Ромите во земјата.

„Досега постигнавме одлични резултати, од 2007 година со поддршка на УНДП, над 210 нови бизниси се основани од ромски претприемачи во рамки на Програмата за самовработување, заеднички спроведена со УНДП и националните партнери“, рече Шахпаска.

Министерката Шахпаска ја истакна  важноста од  активното  и рано ангажирање на локалните власти и локалните невладини организации во кодизајнирање на локалните програми, имплементирање на интервенциите на локално ниво.

„Центрите за социјална работа, преку социјалната реформа, конкретно преку case management, им овозможуваат на лицата од социјално ранливите групи полесно да се вклучат во општественото  дејствување. Преку осум ромски информативни центри, кои имаат професионално ангажирани лица во Центрите за социјална работа, Ромите своите прашања и проблеми ги адресираат институционално“, посочи министерката Шахпаска.

Таа потенцираше дека преку нив се овозможуваат директни насоки и информации од Агенцијата за вработување за тоа кои активни мерки и програми од Оперативниот план можат да ги искористат и со тоа да се вклучат на пазарот на труд.

„Во 2020 година во рамки на услугата Активација на невработени Роми  и други лица во ризик од социјално исклучување 4.200 лица пристапиле до тимот на ментори  чија улога беше да ги мотивираат и редовно да ги информираат за можностите за вработување или за подобрување на нивните капацитети за вработување. Активностите со невработените лица Роми беа реализирани и преку учество на АВРСМ во имплементацијата на Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија 2014-2020, реализација на Националниот акционен план за вработување 2016-2020, проектот „Интеграција на Роми 2020", соработка и активности со други институции и граѓански и преку учество во заеднички активности за информирање на невработените лица“, рече Шахпаска.

Според министерката, уште еден суштински играч се локалните невладини организации врз основа на тоа дека имаат единствена позиција да достигнат до најмаргинализираните и најобесправените семејства, да обезбедат персонализирана поддршка, како и да ги придружуваат ранливите во секој чекор на процесот на економско зајакнување и социјална инклузија на повратниците.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе