Шахпаска: Продолжуваме заеднички да креираме политики за градење општество со еднакви можности

Нашата држава има долгогодишна интензивна и плодна соработка со сите агенции на Обединети нации. Вие сте наши големи поддржувачи, партнери и соработници  во креирањето  и имплементацијата на  политики и решенија кои имаат за цел  градење на општество кое ќе им понуди на сите граѓани еднакви можности и пристап до ресурси, со посебен акцент на  ранливите категории на граѓани,  истакна министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставниците на Агенциите на Организацијата на Обединетите нации и Светска банка.

Министерката Шахпаска заедно со тимот од Министерството за труд и социјална политика ги презентираше приоритетите на кои нејзиниот ресор ќе работи наредниот период и нагласи дека од исклучително значење ќе биде стручната експертиза и поддршката што ООН во континуитет ја дава.

Постојаната координаторка на ООН во земјава, Росана Дуџак, нагласи дека Министерството за труд и социјална политика повеќе од две децении е еден од главните партнери на специјализираните агенции на ОН. Тоа го потврдува и фактот дека 11 од 18 агенции на ООН имаат директна соработка  со  Министерството.

Таа соработка, нагласи Дуџак, ќе продолжи и ја поздрави иницијативата на министерката Шахпаски преку директна координација со ООН да се следи имплементацијата на актуелните проекти, но и да се договара идната соработка.

Министерката Шахпаска, како што соопшти МТСП, нагласи дека целосната инклузија на лицата со попреченост, социјалните услуги, родовата еднаквост, поттикнување и поддршка на вработувањето на најтешките вработливите лица, зголемување на опфатот на деца во предучилишно воспитание и образование  се областите на кои агенциите на Обединетите нации продолжуваат да ги поддржувааат политиките на Министерството за труд и социјална политика.

Министерката Шахпаска информираше дека ваквите координативни средби ќе станат редовна пракса за унапредување на јавните политики во социјалата и трудот во нашата земја.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе