Шахпаска најави намалување на времетраењето на договорите на определено време

Законското решение во делот на пензионирањето кое влезе во процедура уште од почетокот на октомври и треба само да се изгласа на пленарна седница претставува завршување на  договорите за работа со 64 години возраст и 15 години стаж за жени и мажи.  Притоа, жените согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување можат на нивно барање да се пензионираат и на 62 години, вели министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таа во гостувањето во емисијата Вин-Вин на Телевизија Телма се осврна и на законското решение за недела  ден на неделен одмор, на кое, како што истакна се работело изминатите шест месеци преку широка и конструктивна дебата со сите засегнати чинители. Резултатот, рече министерката, беше околу 42 исклучоци односно дејности каде што работниот процес не може да биде запрен.

Во врска со работата на новиот системски Закон за работни односи Шахпаска нагласи дека е неопходно тој да биде донесен бидејќи постојниот е донесен во 2004 година и оттогаш се направен се над 20 интервенции.

„Денешницата наметнува нови правила на игра дури и во работните односи. Пандемијата дел од тие работи ги забрза. Како потребата од работата од далечина, работата од дома, флексибилното работно време. Затоа работната група составена од експерти во трудово право, репрезентативни и нерепрезентатини синдикати, организација на работодавачи и останати засегнати страни, интезивно работеа изминатиов период, со цел да ги забрзаме процесите и прилагодиме на новото време“, рече Шагхпаска.

Таа најави промени и во времетраењето на договорите на определено време, кои досега траеја пет години пред да се трансформираат во договори на неопределено време и можност за нивно намалување.

„Работниците бараат 1 година, а работодавачите 3 години. За ова решение ќе престои широка и инклузивна  јавна дебата, по која ќе треба да се најде баланс помеѓу двете барања . Договорите на неопределено време сеуште генерираат  сигурност во делот на социјалните трансфери и  права кои произлегуваат од работниот однос“, рече Шахпаска во гостувањето.

Таа говореше и за социјалната реформа и притоа истакна дека нејзината суштина не е генерирање нови корисници, туку вадење на луѓето од системот на социјална заштита и нивно вклучување на пазарот на труд

„Дел од услугите во системот на социјална заштита, функционираат преку електронскиот систем. Работиме и на нов софтвер, каде со еден клик ќе биде отворено целото семејство и точно ќе се знае кои парични права и услуги  ги користи семејството. И во услови на пандемија граѓаните кои се корисници на туѓа нега од трето лице воопшто не доаѓаа физички да ги поднесуваат барањата, целиот процес беше електронски“, рече министерката за труд и социјална политика.

Суштината на социјалната реформа нагласи таа, не е да се генеираат нови корисници, туку да се вадат луѓето од системот на социјална заштита и активно да ги вклучите на пазарот на труд.

„И токму начинот на кој е креирана социјалната реформа е во тој правец. Активација на највработливите членови на семејството на пазарот на труд, кои што се приматели на Гарантирана минимална помош", рече министерката Шахпска.

Таа посочи дека токму веб-сервисите се линкот помеѓу Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување. Тоа е заедничка работа и вкрстување на индивидуалните планови на стручниот работник од Центарот за социјална работа и од Агенцијата за вработување. Преку вклучување во обуки, тренинзи, вештини, градење на капацитетите,  највработливиот член од семејството станува атрактивен на пазарот на труд.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе