Шахпаска на средба со „Гласен текстилец“: Работниците да го пријават секое прекршување

Почитување и унапредување на правата на работниците, како и усвојување целосно нов и усогласен закон за работни односи кој ќе ги одразува потребите и на работниците и на работодавачите се дел од најважните приоритети за Министерството за труд и социјална, порача ресорната министерка, Јагода Шахпаска на денешната средба со Кристина Ампева, од Здружението „Гласен текстилец".

На состанокот, на кој се зборуваше и за институционална и ефикасна заштита на работничките права, особено во услови на КОВИД-19, присуствуваше и директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска.

„Работничките права и законите кои нив ги регулираат мора да се почитуваат и од тоа нема отстапување. Постојано сме во директна комуникација со Здружението „Гласен текстилец", со претставниците за синдикатите и ги охрабруваме работниците секое непочитување на нивните права да го пријават до надлежните институции. Само на тој начин можеме ефикасно и одговорно да постапуваме“, рече министерката Шахпаска.

Соговорничките се согласија дека е постигнат значаен напредок во заштитата на правата на работниците, но дека на ова поле има уште простор за работа, особено е неопходно да се охрабрат работниците да го кренат својот глас секогаш кога се прекршени нивните права.

„Изедначувањето на минималната плата во текстилната и кожарската индустрија, како и во индустријата со обувки со останатите сектори што го постигнавме како Влада е од исклучително значење. Минималната плата изминатиот период од 9.000 денари се покачи на 14.900 денари, а тенденцијата е да расте, веднаш откако ќе биде надмината кризата што ја наметна пандемијата ковид-19“, нагласи Шахпаска. 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе