Серијата земјотреси ја замати водата за пиење во мавровскиот регион

Вчерашните земјотреси во мавровскиот регион со сила од 4,6 и 4,4 степени според рихтеровата скала предизвикаа заматување на водата. Јавното комунално претпријатие „Маврово“ издаде соопштени со кое препорачува водата да не се користи за пиење.

Синоќа во мавровскиот регион беа регистрирани серија земјотреси од кои два беа посилни со рихтерова магнитуда од 4,6 и 4,4 степени, како што информира  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот беше на 18 километри од Гостивар на длабочина од 10 километри.

Земјотресот од 4,6 степени по Рихтер беше најсилно почувствуван од населението во Маврово, Дебар, Гостивар, Тетово и Кичево со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, a во останатите делови со интензитет од III-IV степени според истата скала, информира Сеизмолопката опсерваторија.

Водата во мавровскиот регион се замати и по серијата земјотреси од ноември минатата година.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе