Поддршка на огромната хуманост

Семејството Стајиќ му испрати еден милион денари на семејството Белчовски

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Галф оил“ во Македонија, му донираат 1 милион денари на семејството на трагично починатата Верица Белчовска, кое покажа колку е цврсто во болката. Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на својата ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.

„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи нѝ покажаа дека живот сепак може да се подари“, велат од семејството Стајиќ.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе