Семејство со две малолетни деца евакуирано, се заглавиле во снег во викендичка на Попова Шапка

Семејство со две малолетни деца кои останале заглавени на Попова Шапка поради снежни навеи на патот во викенд населбата биле евакуирани од тетовски полицајци, па потоа и со возило на СВР Тетово однесени дома во Скопје. Полицијата била ангажирана откако 35 годишниот сопруг и татко побарал по телефон помош со оглед дека немаат струја и храна во викендичката.

„Вчера во 12 часот и 40 минути, Б.А.(35) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека поради големи снежни навеви, бил отсечен пристапот до неговата викендичка на Попова Шапка, во која се наоѓале и сопругата и двете малолетни деца и дека поради тоа, тие не се во можност да излезат надвор и да заминат кон Скопје. Б.А., исто така, кажал дека во викендичката немаат електрична енергија и дека веќе немаат резерви од храна и огрев. Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа е ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат, по што лицата со возило на Секторот за внатрешни работи Тетово се пренесени до нивниот дом во Скопје“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Ноќта помеѓу неделата и понеделникот поради силен ветер и интензивни врнежи од снег завеан беше патот во населбата со викендички во Попова Шапка. Околу полноќ дошло до прекин во снабдување со електрична енергија.

„Механизација вчера до 21 часот го расчистуваше патот, а утринава се продолжи со работа. Патот е речиси исчистен, но ноќеска повторно врнеше снег, а за среќа нема ветер“, изјави Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница и здружение на граѓани сопственици на викендички на Попова Шапка.

Во викенд населбата има околу 650 објекти.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе