Седум години на македонскиот весник „Илинден" во Албанија

Пред седум години, како двоброј за фебруари и март, беше испечатено првото издание од македонскиот весник „Илинден", весник на Македонското друштво "Илинден"-Тирана. Во изминативе седум години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и кај македонската дијаспора ширум светот.

Весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите, е интересен и корисен за македонското национална малцинство во  Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население надвор од границите на својата држава.

Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат „особена почит кон редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор“.

Мисија на весникот е да се одржува и поттикнува македонскиот идентитет во Република Албанија. Од редакцијата велат дека веруваат дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции на Република Албанија, Република Македонија, но и од македонците ширум светот. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе