ДПИ вели биле на терен и ваква прослава во Дебар Маало немало

Се славеше ли 8 март со турбо фолк и гужви во кафеана во Скопје?

Со турбо фолк музика, весели како да нема ниту ковид, ниту пандемија гости, главно жени се забавуваат во кафеана. Видеото се појави на социјалните мрежни и според она што беше напишано во коментарите од граѓани, прославата пишува дека била вчера за 8 март во кафеана во Дебар Маало во Скопје. Видеото редакцијата на МКД.мк го испрати до Државниот пазарен инспекторат од каде ни одговорија дека 8 инспектори, вчера од 17 до 22,30 биле на терен во овој реон, но ваква прослава не била затекната. 

„Не можам да потврдам со сигурност за која кафана станува збор, но она што со сигурност можам да го кажам е дека ние додека контролиравме ваква ситуација не е затекната. Морам да нагласам дека она што е објавено како видео на социјалните мрежи и она која го затекнуваме, мора да се совпадне за да постапиме. Вчера лично јас заедно со уште 7 инспектори бевме на терен во Дебар Маало од 17 до 22,30 часот. Во коментари на видеото пишува дека се работи за кафаната Дебар Маало во истото место. Таа кафана за која се наведува дека станува збор, е меѓу редицата кафеани кои беа контролирани неколку пати и ве уверувам дека ваква слика како на видеото не затекнавме", изјави во телефонски разговор за МКД.мк, инспекторката Александра Котели.

Таа додава дека ДПИ нема ингеренции да постапува по видеа и дека за жал, за сега таква законска можност инспекторите немаат.

„По видеа не постапуваме, тоа не е законски, за жал. Поинаку би било кога би имале законска можност за тоа. Ние постапуваме во конкретна ситуација на лице место. Сепак не сме џелати веднаш да затвораме објекти. Прво укажуваме онаму каде што има простор за тоа. Ве уверувам дека да сме затекнеле ваква ситуација на лице место и веднаш без размислување ќе сме ја затвореле кафаната, која и да е. Но, се оградуваме од видеото кое се објавува и тврдам дека состојбата не се случила вчера и во кафеаната која е напишана долу во коментар, бидејќи јас лично бев на лице место во овој реон", вели инспекторката Котели.

Од видеото на социјалните мрежи очигледно е дека се работи за прослава во време на пандемија бидејќи дел од персоналот носи маски, но точната локација, време и ден не се знае. 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе