Се шири пожарот кај Погана, ветерниците и Ѓавато во опасност

Пожарот на местото викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, заради ветрот и непристапноста и густата вегетација на теренот, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, како и селото Ѓавато.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи на нивниот фб профил, побарано е да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места. Заради временски услови и краток временски интервеал на дејствување, сепак, хеликоптерот нема да полета денеска според известувањето на ОЦ на ГШ на Армијата. Се планира утре во 5 часот хеликоптерот да дејствува во гаснење на пожарот на место викано Погана.

Според последните информации пожарот се движи кон куќите во село Ѓавато.

Пожарот избувна во 13:30 часот во поле, а подоцна огнената стихија се прошири во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гансењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири ПП возила, а ангажирани се и уште три пожарникари кои се испратени од ТППЕ Гевгелија и четирир лица од Шумското стопанство од Гевгелија. Со пожарот зафатен е прнар и нискостеблеста шума.

За справување со пожарот помагаат и вработени од Општина Богданци и мештаните. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе