Сообраќајка на магистралниот пат Струмица-Штип

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип од АРМ информираат дека се работи за автобус кој превезува припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш- Штип-Петровец.

„Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 06.47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите.

Автобусот од типот „Сетра" во сопственост на фирмата „Тритерол" од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници", информираат од Армијата.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе