Се откажуваат настани поради пожарот во кој загинаа 14 пациенти во Тетово

Претседателот Стево Пендаровски ги откажа најавените настани поради пожарот што настана синоќа во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица, информираат од Кабинетот на претседателот. Претходно, настаните за денеска ги откажа и министерката за образование и наука Мила Царовска, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и настанот по повод прогласување на Шар Планина за национален парк.

Фото: Роберт Атанасовски

Пожарот избувна синоќа околу 21 часот во Болницата во Тетово и за кратко време целосно изгоре модуларната болница.

Во гаснењето учествуваа над 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила.

Советот на Општина Тетово прогласи три дена жалост поради трагедијата која се случи синоќа во тетовската модуларна болница, во која загинаа 14 лица.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи на конференција за медиуми изрази сочуство до семејствата на починатите и порача од институциите да ја продолжат истрагата.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе