Се гаси пожар во семејна куќа во Делчево, гори и во село Очипала

Во Делчево во тек e акција за гаснење пожар кој зафати семеен дом на улица „Голачка". Во моментот на терен се две возила со десетина пожарникари кои учествуваат во гаснењето на пожарот.

Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека дојавата е примена нешто по 16 часот и притоа е побарано од ЕВН да биде исклучен доводот на електрична енергија.

Во моментот се гасне вториот кат од куќата откако пожарот на долниот дел од куќата е локализиран. Како што додадоа од ТППЕ Делчево се прават напори пожарот да не се прошири на околните куќи во населбата Први Реон во Делчево. Апелираа возачите да ги отстранат своите возила за да можат возилата на единицата да се движат непречено. Воедно од ТППЕ Делчево информираа дека во тек е и интервенција на пожар во село Очипала. 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе