Се догасува пожарот кај Фурка, активни два пожари

Пожарот кај село Фурка нема активно горење, локализиран е вчера во 19 часот. Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а утрово пожарот се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи.

Шумскиот пожар во планината помеѓу селата Вапила и Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. 

По дојава за пожар кај Никуштак, Кумановско, пожарникарите од Липково се на терен.

Пожар има и кај село Доброшинци каде што гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК.

Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во село Другово, Кичевско, е запалена плевна, а зафатена е и една куќа. Пожарникарите од Кичево вчера со две противпожарни возила и осум пожарникари беа на интервенција на пожарот. 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе