За прв пат од изградбата

Се чисти речното корито на Црн Дрим во Струга

Чистењето на коритото на Црн Дрим во Струга е дел од мерките предвидени во регионалниот проект за интегрирано управување со поплавите и ризиците од поплави кој е финансиран од Фондот за адаптација, во кој се вклучени и Албанија и Црна Гора. Проектот се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините во сливот на реката Црн Дрим.

Вкупната должина на делот кој се чисти изнесува 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина на депониран нанос изнесува приближно 14 илјади метри кубни кои придонесуваат за намалување на капацитетот на протокот и можност за натамошно таложење, што претставува голем ризик од поплавување на населените места, велат од Канцеларијата на УНДП во Скопје.

Со чистењето на коритото ќе се подобри пропусната моќ на коритото, ќе се зголеми капацитетот на собирањето на атмосферските води и со тоа ќе се намалат и ризиците од поплави. Завршувањето на активностите во оваа фаза се очекува кон крајот на октомври 2020 година.

Во првата фаза, која беше финансирана од Европската унија преку проектот за Подобрување на управувањето со заштитените подрачја, на почетокот од септември се изврши чистење на делот кај устието на Црн Дрим

Чистењето на устието и коритото на Црн Дрим е дел од поголем зафат кој ќе продолжи идната година со чистење на старото корито на реката Сатеска со цел да се намали ризикот и штетите од поплавите во регионот, како и да се спречи загадувањето на Охридското Езеро што во последните неколку децении го предизвикува реката Сатеска со носење на наноси кои се штетни за езерото.

Во рамки на проектот е набавена и мониторинг опрема за УХМР која ќе биде поставена во сливот на Дрим и ќе овозможи собирање и размена на податоци со соодветните институции во Албанија.

Проектот се одвива во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, УХМР, Водостопанство на Македонија, Електростопанство на Македонија , Општина Струга, ХЕЦ Глобочица – Струга и повеќе невладини организации.

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе