Се чисти новата депонија покрај Мавровското Езеро

Новата депонија под каменоломот во близина на брегот на Мавровското Езеро, за која МКД.мк пишуваше, почнува да се чисти. Со исфрлената земја која сега се враќа, се тампонира дел од објектот што е во градба под хотелот Бистра. Од Националниот парк Маврово за МКД.мк велат дека исфрлањето на земјиштето од ископот за објектот под хотелот било со нивна дозвола за времено депонирање.

Инвеститорот, велат од НП Маврово, има официјален допис со кој се дозволува времено депонирање на земја и за враќање на состојбата во првобитна состојба според динамиката на изградбата.

Под хотелот Бистра, исто така се гради помал хостел, но поради наклонот на земјиштето и опасноста од лизгање од 31 август инвеститорот има решение за стопирање на изградбата. И покрај тоа, бетонирањето продолжува. Инвеститор на објектот е познат судија на Апелацискиот суд во Гостивар.   

Неусогласеноста во работењето и надлежностите меѓу Националниот парк Маврово и Општина Маврово Ростуше често пати доведуваат до вакви недоразбирања, еден да издава дозвола за депонирање на земја, а веќе е издадено решение за запирање на градбата.  

А.Д.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе