Голема полициска акција

Се апсат полицајци за фалификување на патни исправи и лични документи

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, а акцијата уште е во тек, потврдуваат од МВР. Детали околу акцијата се најавуваат во текот на денот. 

По повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, посочуваат извори од МВР, полицијата во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која уште трае.

Според истите извори вчерашниот брифинг од политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.

ВМРО-ДПМНЕ вчера брифираше дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатешни работи Оливер Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи.

Според опозициската партија полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија" за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе