Прва прес-конференција по трагедијата

Сарафов со првични детали: Најверојатно се работи за човечка грешка, немало туби со бензин, а опасност е и банкината

Борислав Сарафов, заменик главен обвинител на Бугарија и директор на Националната истражна служба на првата прес-конференција по случената трагедија кај „Струма" изјави дека главниот сомнеж укажува дека најверојатно се работи за човечка грешка кој што ја отежнале и несоодветните обележувања на автопатот. Сарафов вели дека банкината во која што удрил возачот со автобусот не само што е непотребна на местото, туку е и опасна. На местото немало аксплозија, туку силниот удар што се слушнал бил од ударот на автобусот во банкината. Откачувањето на банкината и стружењето со автобусот, кое било како шмиргла и од кое имало искрење, најверојатно е причина поради која автобусот се запалил, вели Сарафов. 

„Немало експлозија, туку она што го слушнале оние кои биле во близина е ударот, силниот удар на автобусот во банкината од десната страна, за која што кажав дека не и е местото таму. Немало експлозија', изјави Сарафов. 

„Во медиумите се прикажува дека има по 15 до 20 очевидци, а нема очевидци. Ние не сме испрашале ниту еден очевидец, освен оние кои преживеале во несреќата. Ќе замолам да нема шпекулации и да се известува професионално. Сведоци нема ниту еден. Прво се распитани двајца од оние кои патувале во автобусот, кои биле будни и тие даваат точни и објективни сознанија. Распитани се посебно еден од друг и кажуваат исти верзии за настанот. Се испрашуваат уште двајца од преживеаните", вели Сарафов.

Некои од експертизите се готови, а завршени се и обдукциите врз загинатите..

„Обдукциите се готови и покажуваат дека сите загинале од задушување, а не од повреди во сообраќајка. Биле живи во моментот на пожарот. Ангажирани се најдобрите авто-технички експерти, а назначена е и анализа од пожарна за интензитетот на пожарот. Ќе се прави и експертиза зошто автобусот скршнал од патот и што довело до трагедијата. Има верзии дека имало туби со гориво. Таа верзија од нас е отфрлена. Најдени се 3 туби но биле празни, има остатоци од нафта која ја користи автобусот, а пожарот не настанал од тубите", изјави Сарафов.

Тој ја отфрли верзијата за можен терористички напад врз автобусот и додаде дека како дел од причините на несреќата се и лошите обележувања на автопатот.

„ Гледаме дека има лошо обележана сигнализација на патот, има траги на кочење, значи имало реакција од возачот, автобусот удрил во банкината која не само што не е корисна, туку е и опасна за сообраќајот. Автобусот искршил девет столбчиња, кои се најдени под предната страна на автобусот. Можеби возачот го збунил знакот за чешма", појаснува Сарафов.

Обвинителот Љубомир Јовески утре ќе ја пречека бугарската екипа во Обвинителството, по земање на ДНК профили на роднините, и може да се прави идентификација на имињата на жртвите.

По ова телата во рок од неколку дена ќе бидат предадени на семејствата.

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе