Само денеска изречени 202 мерки за пребрзо возење во тетовско-гостиварското подрачје

Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 11 до 17 часот спровеле засилена контрола на брзината со која се движат возилата, во која биле изречени вкупно 202 мерки, од кои 106 надвор и 96 во населено место.

Од мерките изречени надвор од населено место (ТЕ-72 и ГВ-34), 9 (ТЕ-6 и ГВ-3) се однесувале на возачи кои се движеле со брзина поголема од 70 километри на час над максимално дозволената, а 48 (ТЕ-18 и ГВ-30) до 70 километри на час. При контролата санкционирани се и 96 возачи во населено место (ТЕ-49 и ГВ-47) кои се движеле со поголема брзина од максимално дозволената, меѓу кои 4 (ТЕ) до 50 километри на час.

На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни, законски предвидени поднесоци.Санкционирани, исто така, биле и 8 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-3 и ГВ-5).

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе