Обединети оргганизации до Западниот Балкан

„Сакаме да дишеме“ - Кампањата за чист воздух прерасна во Балканска мрежа

Организациите од земјите од Западен Балкан, охрабрени од резултатите на регионалната кампања „Обединет Балкан за чист воздух", се трансформираа  во регионална мрежа и остануваат отворени за сите кои ќе се посветат за солидарна борба за чист и здрав воздух. Во изминатите три месеци, низ кампањата се создаде мрежа од повеќе од 520 организации, поединци и експерти, кои ги информираат граѓаните за причините, последиците и можните решенија околу аерозагадувањето, се вели во заедничкото соопштение на балканските организаации.

„Со оваа кампања имавме намера да посочиме дека сите од Западен Балкан имаме доволно потенцијал, знаење и капацитет за да работиме заедно во духот на солидарноста, со цел да го решиме проблемот со аерозагадувањето еднаш, засекогаш. Потребата од дишење чист и здрав воздух нè обедини во нашата борба заснована на солидарност во рамките на кампањата 'Обединет Балкан за чист воздух', иницирана од Европскиот фонд за Балканот, во партнерство со организациите Право на градот, обновливи извори и Институт за регулирање на животната средина (РЕРИ), Отворено училиште во Белград (BОŠ) (Белград, Србија); Институт за животна средина и територијално управување (Тирана, Албанија); Екофорум (Зеница, БиХ), Центар за екологија и енергија (Тузла, БиХ); Сбункер (Приштина, Косово); AirCare/МојВоздух (Скопје, Северна Македонија) и ОЗОН (Подгорица, Црна Гора)“, информираат организациите за чист воздух.

Тие додаваат дека во соработка со експерти од регионот се истражуваат причините за загадувањето на воздухот и неговите последици врз смртноста и здравјето на граѓаните; влијанието на загадувањето врз стапката на плодност; аерозагадувањето предизвикано од големите загадувачи и индустријата; аерозагадувањето во корелација со пандемијата коивд-19.

„Освен што ги информиравме нашите сограѓани, сакавме да воспоставиме врски помеѓу регионалните организации и активисти, и да испратиме порака дека сите сакаме да дишеме чист воздух! Нашата борба е заснована на единство и солидарност, а на нашата кампања се придружија повеќе од 520 лица и организации и активисти од целиот регион. Содржините, написите и пораките што ги создадовме допреа до повеќе од 650.000 граѓани на Западен Балкан само преку социјалните медиуми, додека традиционалните медиуми објавија повеќе од 500 написи, соопштенија, интервјуа“, се вели во соопштението и се додава дека граѓаните на  Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија се подеднакво изложени на штетни материи што се пренесуваат во воздухот, без оглед на возраста, полот, верата, националната припадност и јазикот.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе