Руската православна црква ја призна МПЦ-ОА како автокефална сестринска црква

Светиот синод на Руската православна црква на денешната сoстанок ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква.

„На 25 август 2022 година, на состанокот на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на неговата светост патријархот московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае  Македонската православна црква – Охридска архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот поглавар, неговото блаженство архиепископот охридски и македонски Стефан, во светите диптиси,“ објави на својата веб страница Руската православна црква.

Членовите на Синодот, се вели во објавата на Руската православна црква, изразија надеж дека МПЦ – ОА, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција. 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе