По вчерашните трансплантации на органи

Русиново се прости од девојката Верица, чии органи сега живеат кај три лица

Жителите на беровското село Русиново денеска се собраа да ѝ одадат почит на младата девојка Верица Белчовска и да изразат признание за огромната хуманост зашто сега нејзиното срце чука во телото на момче од Брвеница, а бубрезите им дадоа живот на уште две лица кои долго време беа на дијализа. Со тага и насолзени очи се простија од Верица која животот го загуби во сообраќајна несреќа. Од општина Берово најавија седница за поддршка на семејството Белчовски.

Жителите се едногласни дека хуманоста на сиромашното и чесно семејство, која на ваков начин со дарување на органи беше покажана на дело, треба и институционално да биде наградена.

Донациите секако не можат да ја надоместат загубата на семејството, но и порано требаше да им се помогне зашто водеа борба за обична егзистенција, велат жителите.

На погребот присуствуваше и делегација од општина Берово од кадешто најавија седница посветена за помош на семејството Белчовски и беше најавено  разговори на оваа тема и на повисоко ниво.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе